ВИДЕО: До утре напладне амадмани за законот за ЈО

Од:

Утре до 12 часот политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани, по што најверојатно во понеделник ќе се одржи нова средба на која ќе се разговара за тоа кои амадмани се прифатливи.

Ова е исходот од денешната средба на работните групи на политичките партии кои скоро два часа разговараа во Собранието.

Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека дел од партиите уште на денешната средба доставиле амадмани, дел најавиле дека тоа ќе го сторат утре, а ВМРО-ДПМНЕ доставиле забелешки кои експертите ги изнеле на јавната расправа што беше организирана за Предлог-законското решение.

Она што го видовме низ изразени амандмани денеска од пратеничките групи кои навистина се желни, сакаат да влезат во процесот на носење на законот, ме охрабрува и мислам дека ќе има приближување на ставовите, рече Дескоска.

За ВМРО-ДПМНЕ кои доставиле забелешки од експертите, Дескоска рече дека побарано од нив е да подготват амадмани исто како и другите политички партии и да ги достават до утре до 12 часот.

Очекуваме ако имаат конструктивен приод во процесот на носење на законот, тоа и да го направат. Но останува и тоа е нивно право, да не дадат амандмани, рече Десксоска.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

Доколку Министерството за правда има политичка волја оваа тема помалку да се политизира, би било добро Министерство за правда како надлежна институција да ги повика овие експерти и со нив врз основа на нивните јавно искажани забелешки кои не се политички туку струлни да изговтат амадмани кои ќе наидат на пошироко одобрување и поголем консензус за овој закон.

Ако одиме на полтизирање на самите амадмани, шансите за консензус ќе бидат помали, рече Милошоски, додавајќи дека остануваат отворени за нови средби.

Би можело да ве интересира

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Владата ги усвои амандманите за влезот на Бугарите во Уставот, утре се испраќаат во Собрание

Орце Костов

Илија Димовски: Владата не смее да пишува амандмани, тоа е злоупотреба на службена должност

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноски: Со буџетот ќе порасне долгот, а државата ќе се доведе пред банкрот

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ ја почна блокадата на измените во Законот за служба во армијата

Жарко Настоски

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска