Владата ги усвои амандманите за влезот на Бугарите во Уставот, утре се испраќаат во Собрание

Од:

Владата на денешната седница ги усвои уставните амандмани кои ги подготви работната група при Министерството за правда.

„Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа со едногласна поддршка на содржината на текстот, по што точката е ставена на дневен ред на денешната владина седница на предлог на Министерството за правда.

Северна Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е одлучна да ги спроведе обврските преземени во рамките на преговарачката рамка и пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022 година.

Интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ“, соопштија од Владата.

По одлуката на Владата за уставните амандмани се очекува утре тие да бидат испратени во Собранието, а спикерот Талат Џафери идната недела да ја закаже уставната комисија.

Пленарната седница за потребата од отворање на Уставот Џафери треба да ја закаже најмалку 30 дена откако материјалите за уставмите амандмани ќе влезат во собраниска процедура.

Комисиската расправа според собранискиот Деловник трае најмногу 10 работни дена.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски