(ВИДЕО) Стојаноски: Со буџетот ќе порасне долгот, а државата ќе се доведе пред банкрот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии имаат над 220 амандмани со забелешки околу новиот предлог буџет за 2022 година. Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека вака скроениот буџет ќе донесе задолжување кое ќе ја доведе Македонија пред банкрот. Според него, најголем дел од амандманите се суштински.

„Во Собранието започнува дебатата за предлог буџетот за 2022 година. Ова е предлог буџет историски највисок, со многу непродуктивни трошоци. Тој тежи 4,4 милијарди евра. Овој буџет требаше да понуди излез од кризата во која се наоѓа Македонија. 2021 година завршува, но тоа не значи дека проблемите ќе завршат со неа. Овој буџет ќе донесе поголеми проблеми и предизвици бидејќи оваа Влада нема никаква идеја. Владата има нереални проекции. Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари, иако никогаш до сега нема надминато повеќе од 19 милијарди денари. Ова е буџет со буџетски дефицит. Со овој предлог долгот ќе порасне за 800 милиони евра. Ова е податок дека државата е пред банкрот“, кажа Стојаноски.

Тој смета дека буџетот кој е предлог од Владата на СДСМ не носи решенија за проблемите на граѓани, ниту пак, пари за нив. Еден од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе пари за стопанските субјекти, особено оние погодени од ковид кризата.

„Како и претходните години, со претходните буџети и ребаланси, така и сега како пратеничка група поднесовме околу 220 амандмани за да поправиме нешто што може да се поправи. Имаме голем дел суштински амандмани за енергетиката, образованието, здравството. Како пратеници се надеваме дека власта ќе се охрабри и отворено ќе дискутира. Доколку не го сторат тоа, најцрното сценарио за Македонија е на повидок“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Трошоците за војната со Иран вршат притисок врз буџетот на Пентагон

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он