Илија Димовски: Владата не смее да пишува амандмани, тоа е злоупотреба на службена должност

Од:

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека она што Министерството за правда го прави со преземање на надлежноста од Собранието формирајќи работна група за уставни амандмани е злоупотреба на службена должност.

Во својот статус на Фејсбук, Димовски пишува дека работната група за амандманите е всушност неуставна работна група.

„Во оваа фаза, непотребно е, а и не е предвидено ниту со Уставот на Република Македонија, ниту со Деловникот за работа на Собранието било каква експертска или работна група за пишување уставни амандмани…

Тоа што го прави Министерство за правда е превземање на надлежност од Собранието и тоа во време кога не смее ниту Собранието да превзема активности за пишување на некакви амандмани…

Единствено што смее и може да направи Владата е да достави пишана иницијатива за започнување на постапка, но не и амандмани…

Доколку Собранието со 2/3 мнозинство ја одобри таа иницијатива, после позитивна препорака од собраниската Уставна комисија (чиј Претседател секогаш бил Претседателот на Собранието на Република Македонија), дури тогаш во оваа држава смеат да се пишуваат уставни амандмани…
Се друго е злоупотреба на службена должност, правен хазард, трошење буџетски средства и политичко силување на цел еден народ…“, напиша Димовски.

Денеска истече рокот за поднесување предлози со имиња на експерти кои ќе бидат дел од групата која утре Министерството за правда ќе ја соопшти пред јавноста.

Прв предлог испрати претседателот Стево Пендаровски и него ќе го претставува професорот Александар Спасов. ДУИ ќе го претставува координаторот на пратеничката група во Собранието Арбр Адеми, Алијанса за Албанците го номинира Ремзи Мехмеди, а од СДСМ претставник ќе биде генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

Од опозицијата единствено своето учество го потврди Беса, додека другите опозициски партии одбија да бидат дел од ова тело.

Би можело да ве интересира

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Орце Костов

Димовски: Владата немаше право да прифати обврска за промена на Уставот, тоа е исто како да го продавате имотот на вашиот сосед

Орце Костов

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

Орце Костов