ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Од:

Одделението за компјутерски криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, го расчисти случајот со видео објавено на „ТикТок“ на кое се гледа палење на македонското знаме.

На 22 септември, при мониторинг на социјалните мрежи, полицијата го детектирала видеото, за кое е утврдено дека содржи елементи на кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“, казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик.

По преземените оперативни мерки, на 23 септември бил утврден идентитетот на авторот на профилот. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово.

Во полициска станица, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото.

Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирање на доказите, бил обезбеден мобилниот телефон од кој било објавено видеото.

Во разговорот, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.

По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски