(ВИДЕО) Богоевски со порака до Груевски: Врие народот, ама од твоите криминални методи

Од:

Павле Богоевски, откако беше пуштен од полициската станица кажа дека е спорно како може полицијата да го апси поради истакнување платно со порака.

-Имаме луѓе кои доаѓаат со платно кои ги апсите и врзувате, а од друга страна имаме извршители на тешки кривични дела во серија кои седат на слобода, а на кои судовите не можат да се дрзнат да им одредат притовр. Тие сторители се фамилијата која што е на власта, Груевски и злосторничкото дружение и правдата ќе мора да ги стигне, рече Богоевски.

Тој кажа дека немам забелешка на интензитето на приведувањето, туку на основите на приведувањето.

-Процениле дека најдобар метод е да ме легнат и да ме приведат, но не може да се приведуваат луѓе кои сакаат да истакнат платно на кеј, рече Богоевски.

За пораките од говорот на Груевски дека Шарената револуција е платеничка и дека народот вриел поради блокадите од опозицијата и од Шарената револуција, Богоевски кажа:

-Гледаме луѓе кои вријат на улица и не можат да ги трпат неговите криминални методи, рече тој и заедо со останатите учесници на протестите му уаптија порака на Никола Груевски со пеење

-Слушај Грујо сега, Шутка не ти бега..

Би можело да ве интересира

Богоевски го обвини Апасиев дека ја злопотребува функцијата за да си ја реновира куќата, лидерот на „Левица“ вели дека таа е културно наследство

Богоевски: Левица има над 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката

Жарко Настоски

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во самоизолација

А1он

(ВИДЕО) Богоевски: Вредностите над функцијата

Ана Ололовска

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Ана Ололовска