Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

Од:

Управниот суд на синоќа одржана јавна расправа ја одби како несонована тужбата поднесена од Коалицијата Европски фронт на Парламентарните избори 2024, против решението на Државната изборна комисија на РСМ за прегласувањето на избирачкото место 2101 во село Ларце во општина Желино.

-Тужбата на тужителот Коалиција „Европски фронт“ предводена од Демократска унија за интеграција (Движење на народот – ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања – Парламентарни избори 2024 година, во Изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, се одбива како несонова, стои во пресудата објавена на веб страницата на Управниот суд.

Со ваквата пресдуа, се потврдува Решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, се наведува во соопштението.

Целосната одлука со образложение на истата, како што наведуваат од Упарвниот суд, ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.

ДИК на седницата одржана на 27 мај, не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните