УЈП во лов на фирмите поврзани со „Рекет“, контроли на фирми во Струга и во Битола

Од:

Управата за јавни приходи е во контрола на фирми поврзани со случајот „Рекет“ во Струга, Битола и Охрид. Бројот на фирми се прошири откако минатата недела УЈП влезе во контрола на работењето на „БМЈ медиа груп“, „Меѓународен сојуз“ телевизијата „1 ТВ“ и „Томато“.

Контрола има во „Дрим билдинг“ во Струга. Се испитуваат деловните односи по склучен договор за соработка на фирмата со ‘Меѓународен сојуз’. Инспектори од УЈП се влезени и во  фирмата ‘Пелистер’ во Битола. И таму се утврдува деловниот однос на фирмата со „Меѓународниот сојуз“ поради склучен договор за соработка.

Во петокот, пак, почна контрола и на работата на фирмата „Омниа“ ЛГББ Охрид која има договор за соработка со „БМЈ Медиа груп“.

Инспекторите го проверуваат работењето на фирмите во периодот од 01.01.2017 година до 31.08.2019 година.

Директорката на Управата, Сања Лукаревска најави дека во завсиност од собраните податоци од терен, можно е проширување на  контролите и во други фирми.

Би можело да ве интересира

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ

УЈП испрати над 860 илјади граѓани добија пополнети годишни даночни пријави, рокот за проверка е до 31 мај

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%

40 мониторинг камери поставени во националниот парк „Пелистер“