УЈП: Неколку пати ги предупредивме граѓаните да го платат данокот за приходите од странство

Од:

На е-маил адресите на граѓаните пред неколку дена започнаа да стигнуваат пораки од Управата за јавни приходи (УЈП) за оданочувањето на приходите што граѓаните во 2021 година ги оствариле во странство, со повик во рок од 5 дена да го платат данокот.

„Во текот на годината, Управата за јавни приходи во неколку наврати преку медимите и јавно информирање ги повика граѓаните да ги исполнат обврските за изминатите години, воедно беа дадени и насоки и појаснувања, а сега Управата испрати персонализирани известувања со рок за постапување. Доколку обврските не се исполнат доброволно, Управата за јавни приходи ќе ги преземе мерките во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот“, објави УЈП на својот профил на Фејсбук.

Оттаму додаваат дека обврската за пријавување на доходот се однесува на физичките лица кои оствариле доход од странство што подлежи на оданочување согласно ЗДЛД, вклучително и доход по основ на:

• доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс);
• доход од закуп, вклучително и доход остварен преку платформи како Airbnb и Booking.com;
• капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и друго);
• доход од капитал (дивиденди, камати и други финансиски приходи);
• авторски права;
• добивки од игри на среќа; и
• други видови доход што подлежат на оданочување согласно законските одредби.

Приливите од странство добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери прекуWestern Union, Ria, MoneyGram и слични сервиси не претставуваат автоматски оданочив доход само поради тоа што се примени од странство.

„Управата за јавни приходи апелира до сите физички лица кои примиле прилив од странство да ја проверат својата даночна обврска и, доколку е потребно, навремено да поднесат електронска пресметка на аконтацијата на данокот (е-ППД) и да ја извршат уплатата на утврдениот данок, со цел почитување на законските прописи и избегнување на евентуални прекршочни или даночни постапки“, се вели во објавата.

Би можело да ве интересира

Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ

Финансиската полиција откри даночно затајување од 7,4 милиони денари

УЈП испрати над 860 илјади граѓани добија пополнети годишни даночни пријави, рокот за проверка е до 31 мај

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски