УЈП: Кривични пријави против сојузот на Боки 13, Томато продукција и БМЈ груп

Од:

Против „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки13, против „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“  и против „БМЈ медиа груп“, фирма – сопственик на телевизијата ќе бидат поднесени кривични пријави, информираше денеска УЈП.

Според Управата за јавни приходи, неправилности во работењето имало и во 1ТВ, но таму немало основа за кривична пријава.

УЈП ги товари трите фирми за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари.

Претставници на УЈП биле кај Бојан Јовановски, кој е обвинет за случајот „Рекет“ и е во притвор, но тој одбил да ги прими нивните записници.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура