Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Од:

Родители платиле по 250 денари за превоз за училишен излет од основното училиште ООУ „Крсте Мисирков“ во населба Ченто до парк шумата Гази Баба во Скопје за релација долга вкупно 11 километри, односно 5,5 километри во еден правец.

Турата на еден автобус со 50 ученици од училиштето до парк шумата Гази Баба чинела 12.500 денари, односно по 1130 денари по километар што, според реакциите на родителите на социјалните мрежи, било нереална цена. Пример за тоа, според нив, е што една карта за возрасен од Скопје до Куманово во двата правци е 340 денари, а има повеќе од 40 километри во еден правец.

Ученичкиот излет го организирала агенција од Скопје која била избрана на тендер каде што критериум е најниската цена.

Излетите за ученици од прво до трето одделение се изведуваат до 30 километри оддалеченост од општината во која се наоѓа основното училиште.
За избор на правно лице кое ќе ги изведува екскурзиите и излетите, училиштето во име на родителите спроведува постапка за прибирање понуди преку јавен оглас во весниците, а постапката ја спроведува Комисија која ја формира Училишниот одбор и е составена од три члена од Советот на родители и два члена од редот на наставниците.

Комисијата ќе пристапи кон евалуација доколку е добиена најмалку една понуда. Комисијата може да ја поништи постапката во случаите доколку „не е поднесена ниту една понуда, не е поднесена ниту една прифатлива понуда, цените во понудата се понеповолни од реалните пазарни цели и/или комисијата не може да изврши споредба на понудите заради различен пристап на понудувачите при формирање на цената на понудата“.

Комисијата во ООУ „Крсте Мисирков“ не ја поништила постапката затоа што сметала дека понудата од 250 денари по дете за 11 километри превоз е реална пазарна цена.

„А1он“ се обиде да стапи во контакт со директорката Наташа Тргачевска Мојсовски за да ја праша дали смета дека понудата била реална, но таа беше недостапна на телефонот за контакт оставен на официјалната страница на училиштето.

Според Правилникот донесен од министерството за образование и наука, за секоја програма за екскурзии и излети која ја предлага училишен одбор кој го предводи директорот, мислење треба да дадат Советот на родители и Советот на општината, по претходно позитивно стручно мислење на Бирото за развој на образованието. Врз основа на овие мислења Училишниот одбор ја одобрува секоја програма за екскурзии и излети и таа се реализира ако 30% од учениците се согласни.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка