(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Од:

Градоначалникот Бобан Стефковски, денес, на седница на Советот на Гази Баба, и се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска, со зборовите „ПАЗИ ШТО ЗБОРУВАШ, ДА НЕ ТИ СЕ ДЕСАТ ОКИ И ЖИЛА“. Оваа закана, која патем беше два пати упатена, недвосмислено наведува на ликвидација, односно она што им се случи на Оки и Жила, наведуваат од партијата Левица.

Заканата беше упатена заради поставени прашања од Никодиновска за информациите што ги добила од Општината во однос на огромната концентрација на фекалии и ешерихија во водата, за одбиената иницијатива за депониите низ општината, како и за одбиениот амандман за прочистувачи на воздух во училиштата.

Оки и Жила се далеку од случајни имиња. Орхан Бајрами – Оки и Јетон Кривањева – Жила, беа неформални водачи и високо позиционирани фигури на скопската криминална група „Дуќанџик“. Жила беше ЛИКВИДИРАН во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија во март 2023 година. Неколку месеци подоцна, Оки беше ЛИКВИДИРАН во Ханиоти, Грција.

Со ваков крај Стефковски ѝ се заканува на советничка од Левица. Не на криминалец, туку на избран политички претставник, во општински совет, пред очите на јавноста. Ова е нивото до кое е дојдено насилничкото ВМРО. Но, многу брзо сфати дека заканата е јавно изречена и снимена па нареди на администрацијата да ја избришат снимката.

Левица нема да прифати политиката во Македонија да се води со силеџиство и закани по живот. Советниците на Левица мандатот не го добиле од Стефковски, ниту од ДПМНЕ, туку од граѓаните. Затоа ќе продолжат да зборуваат, да прашуваат и да го вадат на виделина сето она што власта сака да го сокрие, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ