Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

Од:

Ударната тупаница на СДС (било да се платформисти или Заевисти) Левица, има бујна имагинација и во обид советничката од нивните редови Маја Никодиновска да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди, напиша на ФБ Владимир Бојанов, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.

„Јавна тајна беше нејзината блискост со ликовите кои важеа за дел од криминалното милје.

По личните навреди упатени кон градоначалникот на општина Гази Баба, одговорот беше “за криминал ќе ти кажат Оки и Жила”.

Очигледно од вистината советничката Маја премногу се возбуди и потресе, па тоа во јавноста погрешно го пренесува како “Оки и Жила ќе ти се десат”.

И на видеото убаво се слуша и јас кој бев до неа убаво слушнав.

Но народот кажал: си ја ишка мувата од капата.

Тешко на Левица ако кланот Грчец е реперот кој советниците им го следат.

Ние како советници нема да дозволиме да запре развојот на Гази Баба, бидејќи си ја сакаме општината и сакаме да создаваме дела за нашиот народ“, напиша Бојанов.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани