Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање во денешната изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните.

Филипче рече дека и т.н екскурзија на Мицкоски во Брисел, не е ништо друго освен потврда дека зад затворени врати се водат разговори токму за прашањето за кое ВМРО со години ја напаѓаше СДСМ.

„Најавената таканаречена екскурзија на премиерот во Брисел е само уште една потврда за тоа. Кој сред лето оди на екскурзија во Брисел? Во Брисел кој што е административниот центар на Европа единствено нешто што може да се прави е како што најави министерот за надворешни работи да се преговара под радарот, за што? За прифаќање на францускиот предлог, за тоа за што не обвинуваа дека сме имале предавнички политики“, рече Филипче.

Во одговорот Филипче посочи дека со последните изјави власта самата си ги разобличи сите изјави и политики во однос на евроинтегративниот пат.

„Има веќе најава, веќе има изјава од министерот за надворешни работи дека нешто се работи во однос на европскиот пат под радарот. И ако имаме предвид дека сите лажни политики во однос на евроинтеграциите на оваа власт веќе се разобличени и тоа да ги повторам -прво очигледно е дека нема да го вратат името како што ветуваше претседателката Силјановска Давкова, очигледно е дека нема да го поништат Преспанскиот договор, напротив, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е ремек делот на Европската. Од кога е јасно и од кога потврдија со изјава дека добро е што сме членка земја на НАТО, дека е добро за стабилноста, дека е добро за инвестициите коишто патем можности оваа власт нема капацитет да ги искористи, еве сега под радарот очигледно е дека се работи на прифаќање на францускиот предлог“, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека со ваквите постапки власта сама потврдува дека сите обвинувања кон СДСМ беа невистинити и дека државата веќе четири години стои во место поради блокираниот европски пат.

„Ова е само доказ и потврда дека сè што кажуваа е лага, дека нè клеветеа и дека не е вистина дека СДСМ имал предавнички политики, напротив државотворни политики. Во интерес на сите граѓани, во интерес на напредокот на државата. Благодарение на оваа власт стоиме во место. Веќе четврта година го блокираат европскиот пат. Но еве вистината излегува на виделина. Посетата, таканаречената екскурзија на премиерот во Брисел, среде лето е само уште еден доказ за тоа“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

„Комуњарска коњино“ и „политички кловн“ – Српската заедница со жесток напад врз Филипче

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Брисел ја обвинува Русија за хаосот во Сеута

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат