Павле Богоевски, активист на Шарената револуција е уапсен при обид да пушти транспарент од кејот на Вардар. Полицијата не дозволи на активистите да истакнат транспарент. Од другата страна на мостот се одржуваше роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, а Никола Груевски имаше говор.
Покрај апсењето на Богоевски, полицијата ги туркаше и другите активисти кои беа дојдени со истата цел, а не беше дозволено ни да се помине преку Камениот мост, од каде првично Шарената револуција сакаше да го постави платното.
Александар Тодески