Три недели по смртта на Мемет Камбер, роднините се уште не го добиле телото: Се уште е невидлив за државата

Од:

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ информира дека три недели по смртта на Мемет Камбер, телото се уште не е предадено кај роднините за да биде достојно погребано. Од таму ги повикуват сите политички и административни чинители до среда да ја разрешат оваа состојба и да овозможат достоен погреб на починатиот.

Три недели по смртта на Мемет Камбер, телото се уште не е предадено кај роднините за да биде достојно погребано. Ги повикуваме сите политички и административни чинители до среда 14.06.2023 да ја разрешат оваа состојба и да овозможат достоен погреб на починатиот. Во спротивно Ромалитико на ден 16.06.2023 ќе организира протест пред Собранието на РСМ, институција од која исто така се очекува да ги донесе сите потребни измени на законите за во иднина да не ни се повторат вакви случаи.

Ромалитико уште еднаш апелира дека е време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта. Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личната карта и за кои исто така треба да постои решение.

Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста запристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право. Апелираме итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи.

Би можело да ве интересира

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Украл лична карта на соселанец и се обидел да подигне брз кредит, полицијата го привела

A1on

Нови правила за вадење лична карта – измените на законот во Собрание

А1он

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

A1on

Досега издадени над 13.000 нови лични карти

Ана Ололовска

Со подзаконски пропис овозможено продолжување на печатењето и издавањето лични карти

Ана Ололовска