Поминаа 15 дена, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, не закажа пленарна седница за интерпелацијата за обвинителот Љубомир Јовески која ја поднесовме поради нашето основано сомнение дека тој имал улога во поинакво насочување на судскиот процес што се водел во врска со пожарот на модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 пациенти велат претставниците на Алтернатива, Беса и Демократско движење.
– Тоа ни дава за право да се сомневаме дека има нешто меѓу него и Љубомир Јовески, можеби е поврзано со некоја коруптивна афера, бидејќи претседателот на Собранието го штити јавниот обвинител дури и со кршење на Деловникот на Собранието на РСМ. Со што го уценува јавниот обвинител претседателот на Собранието или некој друг од неговата партија, тоа треба да го објаснат тие, но дека г. Џафери го брани Љубомир Јовески, кој во јавноста се гледа како главен виновник за поинакво насочување на судскиот процес за модуларната болница во Тетово, за ова веќе нема сомнение. Доколку не ја стави на дневен ред оваа интерпелација и не се произнесе зошто го крши Деловникот на Собранието, со што му прави директна услуга на Љубомир Јовески, ние имаме право да се сомневаме дека заробената држава е подлабока од Јавното обвинителство. Камбаната бие и за претседателот на Собранието, рекоа на прес конференцијата во собранието од албанската опозиција.
Додаваат и дека за оваа интерпелација, не ги поддржале ниту пратениците на Алијансата за Албанците, ниту тие од ДУИ и по нивниот повик да им дадат јавна поддршка.