Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Од:

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е назначен за вршител на должност претседател на партијата Алтернатива, откако синоќа досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднесе неотповиклива оставка на седницата на Централното собрание.

Сали, кој сè уште официјално не е именуван на функцијата во Владата на Христијан Мицкоски, ќе ја води партијата sо в.д. статус до одржувањето на редовниот партиски конгрес следната година.

– Сакам јавно да објавам дека вечерва, на состанокот на Централното собрание на Алтернатива, поднесов неотповиклива оставка од функцијата претседател на партијата Алтернатива. Во оваа прилика, на оваа позиција, до следниот конгрес, со целосна поддршка, беше избран мојот пријател, денешниот пратеник и утрешниот прв заменик-премиер, Беким Сали. Иако мојата намера не беше да го направам ова со поднесување оставка, туку едноставно да не се кандидирам за оваа позиција на следниот конгрес на Алтернатива, кој требаше да се одржи во март/април следната година, токму случувањата во ВРЕДИ наметнаа поинаква динамика. И бидејќи веќе одлучив да го направам ова повлекување на почетокот на следната година, го направив тоа сега, за да можат денешните одлуки за иднината на Алтернатива, но и на ВРЕДИ, да ги донесе новото раководство. Според мене, ова е политички и морално поправилно, вели меѓу другото Ибрахими.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ потврди: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Катерина Ѓуровски

Сали: Протестите на ДУИ се политички мотивирани, Уставниот суд укина одлука која била донесена без да се испочитуваат процедурите и законот

ВРЕДИ бара истрага за наводите поврзани со тендери за заштитни огради во времето на Ејуп Рустеми

Сали: Европскиот парламент испрати јасна порака дека Македонија има европска иднина

Сали: Македонија е меѓу лидерите во реализацијата на реформските обврски

Горан Наумовски

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела