ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

Од:

По вчерашната реакција на ВРЕДИ, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува, соопштија денеска од владејачката партија.

Велат „во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, треба пред јавноста јасно и целосно да објасни како е донесен ваков епилог“.

„Од друга страна, Али Ахмети не може да се однесува како ова прашање политички да не ја засега ДУИ. Трагедијата се случи во периодот кога неговата партија беше на власт, а денес, по пет години истрага, семејствата на жртвите сè уште се соочуваат со голем број неодговорени прашања. Вчера побаравме одговори. Денес бараме уште поголема транспарентност. Затоа што затворањето на една постапка не ги затвора прашањата, а молкот на Али Ахмети не ја затвора политичката одговорност. ВРЕДИ ќе продолжи да го држи ова прашање отворено пред јавноста, сè додека не се добијат јасни одговори за 14-те изгубени животи во Тетово“ е ставот на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало злоупотреби

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски