ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Од:

ВЛЕН соопшти дека на граничниот премин Ќафасан, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани биле задржани околу еден час, иако поседувале дипломатски пасоши.

Според ВЛЕН, граничната полиција неофицијално им соопштила дека за нив постои забрана за влез во Албанија, но без да им биде врачена каква било одлука, документ или официјално образложение.

Од коалицијата бараат албанските власти да ја информира јавноста дали навистина постои таква мерка и, доколку постои, кој ја донел, врз која законска основа е донесена и кои се причините за нејзиното изрекување кон тројцата функционери.

„Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање“, наведуваат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

ВРЕДИ потврди: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Катерина Ѓуровски