ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

Од:

По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, ВЛЕН отвора прашања за наводните обиди процесот да се заврши со спогодба со Обвинителството.

Од ВЛЕН тврдат дека Груби наводно бил убедуван да склучи спогодба, да признае вина и да добие полесна санкција, но со тоа да стави крај на политичките амбиции за предводење на ДУИ.

Според информациите на ВЛЕН, Али Ахмети проценил дека судскиот процес е ризичен за партијата, бидејќи Груби би можел преку медиумите да влијае врз рејтингот на ДУИ.

Од партијата тврдат и дека Груби имал однапред договорени интервјуа, бидејќи бил уверуван дека против него нема да биде поднесено обвинение, по што, како што велат, непријатно се изненадил.

Како дополнителен притисок ВЛЕН ја посочува и одлуката за продолжување на мерката куќен притвор, оценувајќи дека целта била Груби да прифати спогодба пред почетокот на судењето.

Од ВЛЕН посочуваат и дека адвокатите на повеќето обвинети во случајот се лица кои биле дел од правосудниот систем во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, што, според партијата, покажувало дека во ДУИ „се спуштил гардот“ и дека се користат сите расположливи средства.

Партијата прашува и зошто не се обезбедува присуството на Перпарим Бајрами, кој го опишуваат како прв соработник на Груби.

„Дали заедно со преквалификацијата на делото му се испраќа уште една порака на Али Ахмети – за сите твои матни игри има контраудар?“, прашуваат од ВЛЕН.

Од партијата тврдат и дека Бујар Османи не бил задоволен од развојот на настаните, бидејќи, како што велат, на одредени меѓународни адреси била препознаена „играта зад брифинзите“.

„Јасно е дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва доаѓаат тешки денови“, порача ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

Со испитување на вештото лице Анита Поповска, продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки