Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Од:

Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со дистрибуција на лажни вести. Од нив ништо веќе не зависи, а најмалку кој кога ќе отпатува во САД и со кого ќе се сретне велат од Алтернатива во реакција на обвинувањата од ДУИ за тоа дека Албанците биле исклучени од самитот на НАТО во ВАшингтон.

– Да имаа навремени информации од стратешкиот партнер немаше вака да се срамат. Но, тоа говори за нивниот кредибилитет да говорат за и во име на Албанците. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор. Жалиме што ДУИ избра многу погрешни методи да се обидува да креира незадоволство кај Албанците. Но, ние знаеме зошто ги форсираат овие наводни приказни за намалена застапеност на Албанците. Се обидуваат да ги сокријат трагите за сопствените гревови. Уште должат одговори на јавноста зошто му нудеа на Мицкоски да влезат во Влада наместо ВЛЕН со четири министри, без Претседател на Собрание заедно гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга, се вели во соопштението од Алтернатива.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

ДУИ: Во Министерството за спорт од 50 вработени, само четворица се Албанци

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

ДУИ: Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица