ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Од:

Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари, велат од ДУИ.

– Компанијата “ Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите.

Она што го прави случајот уште поскандалозен е фактот што еден од сопствениците на компанијата, Шабан Шефки, јавно се појавува како активист и поддржувач на ВЛЕН и Изет Меџити, додека договорот го потпишува директорот на МЕПСО, Бурим Латифи прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанијата од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за 6 милиони евра.

МЕПСО веќе е во центарот на јавноста по скандалот со далноводот кон Албанија, каде државата треба да плати милионска штета.

Додека граѓаните се соочуваат со економска криза и високи цени, луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата