Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

Од:

В.д. директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Марија Андоновска ги отфрли последните обвинувања од Демократската унија за интеграција (ДУИ) посочувајќи дека инспекциски надзор во институцијата потврдил доследно почитување на Законот за употреба на јазиците.

– Како директор на Институтот за јавно здравје ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за употреба на јазици и беше утврдено дека доследно се почитува Законот за употреба на јазиците во институцијата, пишува во денешното соопштение од изјава на Андоновска.

Споед неа, очигледно ДУИ е мотивирана од други причини за ваквите неточни обвинувања.

– ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како и до сега“, нема повеќе неодење на работа и земање плата, нема повеќе немилосрдно, расипничко трошење на буџетите без да има резултати – наведува Андоновска.

Таа додава дека во секоја институција мора да има ред, доследно почитување на законите и одговорноста за сите.

– Во секоја инстутуција, вклучително и Институтот за јавно здравје мора да постои ред, закони кои важат за сите подеднакво и одговорност за криминалите кои ги сториле ДУИ за време на нивниот мандат и кои транспарентно беа споделени со јавноста. Напоменувам, законите во Институтот за јавно здравје ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат за сите подеднакво, им се допаѓало на ДУИ тоа или не – посочува Андоновска.

Би можело да ве интересира

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски