Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

Од:

Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, јавно ја критикуваше својата партија ДУИ обвинувајќи ја за двојни стандарди во односот кон функционерите кои се соочуваат со кривични пријави.

Во објава на Фејсбук, Мерко посочува дека внимателно ги следел реакциите на партијата во врска со пријавите против пратеникот Блерим Беџети и поранешниот градоначалник Фатмир Дехари, за кои ДУИ изрази загриженост поради, како што велат, политички притисок. Тој прашува зошто во неговиот случај немало слична поддршка.

„Зошто јас, Рамиз Мерко, не бев заштитен, додека други се? Зошто овој двоен стандард?“, прашува тој, додавајќи дека принципите на еднаква правда и немешање во институциите мора да важат за сите подеднакво.

Мерко потсетува на својот долгогодишен ангажман во партијата и придонесот во изборните победи во Струга и Петтата изборна единица, оценувајќи дека токму неговиот регион често ја правел разликата во распределбата на мандатите.

Според него, кога се соочил со тужби, партијата не застанала зад него, туку се дистанцирала. Тој тврди дека обвиненијата против него се од административна природа, а не за корупција или финансиски криминал.

Дополнително, Мерко укажува на, како што вели, нерамномерен пристап и во други случаи, споменувајќи дека реакциите за високи функционери, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, биле „претпазливи и благи“.

„Еднаква правда не може да се бара селективно. Не може да има политичка поддршка само за едни, а за другите молк“, наведува Мерко, изразувајќи поддршка за Беџети, Дехари и други функционери кои, според него, се соочуваат со политички мотивирани процеси.

Инаку, САД во 2023 година го ставија Мерко и неговото семејство на „црна листа“ поради, како што беше наведено, вмешаност во значајна корупција.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис