Светските лидери на Молитвениот појадок: Поддршката за Северна Македонија е недвосмислена

Од:

На 68 – от “Национален молитвен појадок”, кој се одржува во Вашингтон денеска се обратија претседателот на САД, Доналд Трамп, како и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

На овој глобален светски настан присуствуваат голем број на државни лидери, претставници на бизнис секторот, доктори, универзитетски професори, млади лидери, претставници на религиски групи, како и повеќе конгресмени и сенатори.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска учествуваше на сесиите на кои се обратија повеќе лидери.

Во изминативе денови, тој, реализираше и повеќе официјални средби, со политичари, конгресмени и сенатори, претставници на невладини организации и млади лидери.

Од сите средби, воочлива е поддршката која Република Северна Македонија ја добива од својот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави.

Фактот што се преземаат последните чекори за полноправно членство во НАТО е потврда за напредокот на земјата, а исто така постои и недвосмислена поддршка за евроинтгративните процеси.

Богоев ја презентираше и актуелната политичка состојба во Македонија, работата на техничката Влада и процесите кои се одвиваат во Собранието.

Зборуваше и за улогата на младите во општеството, како и за поголема отвореност на јавните финансии на локално ниво- стои во соопштението испратено до медиумите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија

Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок што се одржа во Вашингтон

Вицепремиерката Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

ВИДЕО: Колкав имот последно пријавил Богоев откако веќе не е функционер?

Петар Клинчарски

Богоев не открива дали ќе биде новиот директор на Царина, но потврди дека се разговарало во партијата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоев за ДУП-от во Козле: Да не прејудицираме за одлуката, советниците се разумни

Искра Манојлоска