Саша Гошева, поранешна советничка од СДСМ во општина Центар, на рочиштето за „Насилства во општина Центар” посочи дека по објавените прислушкувани разговори, станало јасно дека глави организатори биле Никола Груевски и Миле Јанакиески, а пак, според реакциите во салата каде се одржувала седницата, насоките за дејствување на толпата доаѓале од советниците Томислав Лазаров и Даниела Рангелова.
„По пет години, се уште има кај мене страв и небезбедност. Немам никогаш видено такво нешто. Толпата имаше неприроден однос, бидејќи истите беа таму за нешто што не постоеше. Толпата не дозволуваше да и се објасни што се случува. Имаше пријателски однос меѓу толпата и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, со што е јасно дека тие стојат зад ова. Кога ќе се гласаше, телефоните ѕвонеа и толпата стануваше поагресивна“, вели поранешната советничката во Центар.
Таа препозна двајца од присутните во судницата, за кои тврди дека биле дел од инцидентите во општина Центар.
„Го познавам Александар Трајковски, кој сега ми е колега во Царинска управа веројатно како награда. Исто и Митко Пецев”, тврди Гошева.
Кристијан Ландов