Судот одново ќе утврдува дали МАН ги наклеветил Фросина Ременски и нејзиниот сопруг

Од:

Апелационите судии Лидија Димчевска, Суад Алиу и Афрдита Шеху Асани, ја укинале пресудата на Основниот суд Скопје 2 кој утврди одговорност за сторена клевета врз ексминистерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски од Македонската асоцијација на новинари, за текст пренесен од електронско издание на весникот „Вечер“ и други медиуми.

Во пресудата на скопска Апелација пишува дека обжалената пресуда на првостепениот суд е нејасна, неразбирлива, не содржи доволно образложени причини за решителните факти од кои судот се раководел при одлучувањето. „Во оваа смисла, основани се жалбените наводи дека првостепениот суд сторил суштествена повреда со тоа што во текот на постапката доставата на поканите до тужениот не била вршена согласно одредбите од ЗПП, па не е јасно од каде првостепениот суд ценел дека тужениот е уредно викан за расправите пред судот, како што утврдил на страна 8 од образложението на првостепената пресуда“, пишува во пресудата.

Станува збор за текстот под наслов „МАН до СДСМ и нивните функционери: Престанете со притисоци и закани кон новинарите“, објавен во повеќе медиуми кои, според образложението на судијата Нухи Рустеми од Основниот суд Скопје 2, содржи невистинити факти штетни за честа и угледот на тужителот.

Во текстот пишуваше: „Ф. Р. актуелна министерка за социјала и труд, потпретседателка на С. како и сопруга на висок полициски функционер, унапреден надвор од законската процедура, по стапувањето на функција на нејзиниот партиски колега О. С., преку својот „Фејсбук“ профил повторно се обрати со закани, овојпат до главната уреднична на дневниот весник В., И. Т. за пишување во нејзиниот текст Досие: Кој и за што му ги дал прислушуваните разговори на З. Б.. „Но според заканите на Ф.Р., таа има своја или партиска архива на прислушувани разговори и истите ги користи за јавни закани кон новири. Овој факт е особено опасен затоа што, патем таа е и сопруга на висок полициски функционер кој е директно вмешан во незаконска дистрибуција на таквите прислушувани разговори“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Ана Ололовска

МАН: Ние предлагаме интернет-порталите законски да станат медиуми, ЗНМ се противи

Жарко Настоски

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон

ДКСК: Продолжуваме да постапуваме по сите предмети со еднаков пристап без разлика кој е подносител

А1он

МАН: Тричковски треба да биде санкциониран, „Слободен печат“ да се огради од неговите ставови

Предраг Петровиќ

Ременски: Сметам дека постапката против мене треба да биде запрена

Кристијан Ландов