Струга под лупа на антикорупциската – политички пресуди и незаконско работење на Мерко

Од:

Антикорупциската комисија ќе ја преиспитува работата на струшкиот суд поради тоа што наводно биле носени притисок кои се косат една со друга, а постојат и сомнежи дека се носени под политички притисок. Од Судскиот совет ќе се бара да ги преиспита одлуките за кои антикорупционерите имаат сериозни сомневања дека високи претставници од власта вмешувале прсти при носењето на пресудите.

Како што веќе објави „А1он“, најголем интерес на денешната седница предизвика постапката поведена против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за кого беше покрената иницијатива за кривична постапка бидејќи се располага со сознанија дека тој работел спротивно на законите и јавниот интерес.

Антикорупционерите се повикаа на ревизорски извештаи за финансиското работење на општината каде биле нотирани голем број нерегуларности. Комисијата ќе ги бара од ДЗР сите извештаи за работењето на општината во последниве 5 години.

Во наводите на ДКСК стои дека градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко ја злоупотребил својата положба, при набавка на 4 автомобили со вкупна вредност на набавката од 114 илјади евра, меѓу кои и луксузниот автомобил марка „Ауди 6“ со вкупна вредност на набавката од 66.700 евра, кое го користи градоначалникот во време кога Општина Струга е со неподмирен долг од околу 4 милиони евра.

На денешната седница, Антикорупциската комисија разгледуваа и преставка околу работењето на Државната изборна комисија за предвремените избори во 2016 година, околу изборот на печатницата. Комисијата утврдила дека ДИК, повикувајќи се на итност на постапката не распишала тендер, туку постапка на преговарање. Повикани биле претставници на печатниците „Киро Дандаро“ и „Европа 92“. Ратко Димитриевски, ексградоначалникот на Кочани фигурирал во сопствеништвото и на двете фирми, со што било невозможно една од двете фирми каде што тој фигурирал да не го добие тендерот.

ДКСК отвори и постапка за советникот на премиерот Зоран Заев, Љубомир Зафировски, чиј хонорар се префрлал на сметка во странство, иако тој имал три сметки во домашни банки. Од комисијата најавија дека ќе побараат мислење од Министерството за финасии околу законитоста на исплатите, односно ќе се проверува дали советникот има двојно државјанство.

Антикорупциската комисија поведе претставка и против советник во Општина Центар за судир на интереси, бидејќи во општината со преземање бил вработен нејзиниот син, а таа не го пријавила тоа ниту пак се изземала при гласањето. За советничката Биљана Чурилова ќе биде поведена прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

Упатство за гласање на претседателските избори

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници

Горан Наумовски