(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

Од:

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 9 часот утринава изнесува 2,46 отсто, односно своето право на глас го оствариле 400 избирачи, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, како што посочи, излезноста е намалена за 2,87 процентни поени.

– Гласањето започна утрово во 7 часот и засега тече непречено и без некои најави за евентуални проблеми – изјави Тодоровска-Алексовска на утринската прес-конференција.

Во Избирачкиот список за изборите во Брвеница се запишани 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

ДИК ја стави во функција бесплатната телефонска линија 0800 555 44, преку која граѓаните можат да добијат информации за остварувањето на своето избирачко право. За лицата со оштетен слух достапен е бројот 076 488 360, на кој преку видеоповик можат да добијат информации на знаковен јазик.

Од ДИК информираат и дека вчера гласале 85 од вкупно 88 болни и немоќни лица. Од деветте лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, своето право на глас го оствариле седум лица.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски по изборниот пораз во Брвеница: „Ние со програма, тие со национална карта и тројанци“

Горан Наумовски

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4.442, а Радичевски 4.177 гласови

Горан Наумовски

Аркин Јахиј победи со 265 гласа разлика на изборите за градоначалник на Брвеница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби, волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува