Мицкоски по изборниот пораз во Брвеница: „Ние со програма, тие со национална карта и тројанци“

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по поразот на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Мицкоски оцени дека неговата партија во изборната трка настапила со конкретна програма и развоен концепт, додека политичките противници, според него, се потпирале на етничка мобилизација и поддршка од други политички фактори со цел да се одвлечат гласови.

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски.

Тој порача дека концептот „Една Брвеница за сите“ останува основа на политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, истакна премиерот.

Реакцијата на Мицкоски следува по победата на Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција, поддржана од ДУИ.

Според објавените резултати, Јахиј освоил 4.379 гласа, додека Радичевски добил 4.178. Разликата меѓу кандидатите изнесува 201 глас.

ВМРО-ДПМНЕ претходно им ја честиташе победата на политичките противници.

Би можело да ве интересира

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4.442, а Радичевски 4.177 гласови

Горан Наумовски

Аркин Јахиј победи со 265 гласа разлика на изборите за градоначалник на Брвеница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби, волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Ковачки му ја честита победата во Брвеница на Јахиј од ДУИ

ДИК за изборите во Брвеница: Од преброени 10.044 гласови Радичевски освоил 3.950, а Јахиј 2.046

Аркин Јахиј неофицијално победник на изборите за градоначалник на Брвеница

Горан Наумовски