Стоилковиќ: Заев да одговори за предлогот на Хоџај за „пакт против Србија“

Од:

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ рече дека очекува одговор од премиерот Зоран Заев за предлогот на Енвер Хоџај за „пакт против Србија“.

– На сите ни е јасно дека Заев нема да даде одговор, бидејќи тој одговор е да, а со тоа ќе се загрози неговата и позицијата на македонската влада по прашањето на внатрешна политичка стабилност, рече Стоилковиќ за Танјуг.

Доколку биде принуден да се изјасни, вели тој, Заев ќе го прифати барањето кое што доаѓа од Приштина.

Во врска со изјавата на косовскиот вицепремиер Хоџај дека во Македонија, Хрватска и Црна Гора разговарал за основање на „пакт против Србија“, Стоилковиќ преку Фејсбук го повика македонскиот премиер да се изјасни на чија страна е.

– Побарав објаснување и го прашав Заев да одговори пред македонските граѓани на чија страна е. Дали е можеби на страна на албанските шовинисти или на страна на сопствениот народ и на крај на краиштата, на страна на припадниците на српската заедница која што живее во Македонија, вели Стоилковиќ.

Тој нагласуа дека доколку Заев се изјасни дека е на страна на Косово, тоа ќе ѝ даде право на неговата партија најотворено да биде на страната на Србија. Тоа подразбира, како што вели Стоилковиќ, не само солидарност со Србија и српскиот народ, туку и координација со српската политика.

– Ние од ова нема да се откажеме, бидејќи ова е премногу. Не само за нас, туку и за целиот македонски народ, бидејќи според сите истражувања на јавното мислење, македонскиот народ Србите и Србија ги смета за свои најблиски и најдобри соседи, вели Стоилковиќ и додава дека ќе продолжи да бара одговори се додека не ги добие.

Според него, изјавите кои од Македонија доаѓаат до српската јавност претставуваат манипулација, која доаѓа од Заев и неговите лобисти.

– Во тие изјави тој зборува се најдобро и од неговата уста тече мед и млеко, а всушност не е така. Македонија со промена на својата политика ја стави Србија во неповолна позиција, бидејќи Србија на јужната граница доби нова Хрватска, истакнува Стоилковиќ.

Како што вели тој, во македонската политика преовладува албанското влијание, што е лошо за односите помеѓу Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски

Крагуевац е погоден од силна бура, при што силните ветрови дури и соборија дрво

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори