(ВИДЕО) Стефанова: Катица потпишуваше сè – не се мои предлозите за пуштање од притвор и за пасошите

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ во која меѓудругите се осомничени Орце Камчев, Сашо Мијалков и 12 други лица, вели дека таа не ги потпишала предлозите со кои СЈО бара од судот притворот за осомничените да биде заменет со домашен. Таа ја посочи шефицата на СЈО Катица Јанева дека ги потпишувала сите решенија кои излегуваат од обвинителството.

„Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту пак одлуката за давање на патни исправи на Цветан Панделевски. Сите одлуки си ги носи и потпишува Катица Јанева“, рече Стефановска.

Таа даде изјава во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на инсистирање на новинарите, бидејќи го води случајот „Империја“.

„Не стравувам дека можам да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа“, додаде Стефановска.

Денешната прес-конференција во СЈО ја држеше обвинителката Ленче Ристоска, по вчерашното отворање на истрага против Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец за примање награда за противзаконито влијание. Според истрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие наводно барале рекет од Камчев од 8 милиони евра, за преку обвинителка да биде олеснета постапката што се води против него за случајот на СЈО со кодно име „Империја“.

Ристоска денеска изјави дека сѐ уште нема информации дека шефицата на СЈО е опфатена со истрагата во чии рамки вчера беше одреден притвор за Јовановски и Милески, апелирајќи дека пресумпцијата за невиност мора да се почитува.

„Немаме информации дека специјалната обвинителка е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци да не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работиме со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и понатаму професионално СЈО да продолжи да работи”, рече Ристоска.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера поднесе оставка од функцијата, а  денеска не се појавила на работното место.

Вчера во рамките на истрагата на Јанева ѝ беше одземен мобилниот телефон.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ