Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Од:

Како обвинител за врски, согласно член 5 од Правилникот за предлагање и упатување на јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија во Европравда, по правило можев да постапувам по предмети регистрирани и во надлежност на Канцеларијата за врски, а по исклучок, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител, и по предмети по кои претходно сум постапувала. Предметот „Талир 2″ не е предмет во надлежност на Канцеларијата за врски — во него постапував токму по тој исклучок, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител. Со повлекувањето на тоа овластување отпадна и правниот основ по кој постапував во овој предмет, реагира обвинителката Ленче Ристоска.

Оваа информација му беше соопштена на обвинителот Савески лично од мене, на состанок пред да ја поднесам оставката. Лично го известив и дека доколку ги повлече овластувањата по предметите по кои постапувам, ќе следи мојата оставка, а ги објаснив и причините за таквата одлука.

Така што, неспорно е дека мојата оставка беше моја одлука — но таа, меѓу другото, беше последица на одземањето на основот да ги работам предметите, наведува Ристоска во реакцијата.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески претходно се осврна  на критиките од политички партии дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „Талир 2“, оценувајќи дека таквите тврдења не одговараат на фактите.

Според него, овластувањата што биле повлечени се однесувале на постапување на обвинители во предмети за кои не биле надлежни во рамки на своето обвинителство, додека Ристоска во конкретниот случај била надлежен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

– Токму овој предмет, доколку таа не поднесеше оставка, ќе беше во нејзино надлежно постапување. Во овој предмет моето повлекување на овластувањата никако не можеше да се смета дека имало последица да ѝ биде одземен предметот. Доколку останеше, таа ќе работеше на овој предмет, потенцира Савески.

Тој додаде дека јавноста треба да ја слушне и, како што рече, „оваа страна од вистината“, нагласувајќи дека одлуката на обвинителката Ристоска да поднесе оставка била нејзина лична одлука.

Би можело да ве интересира

Британец фралал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли по сомнежите дека гостиварци пиеле загадена вода

Катерина Ѓуровски

Ристоска: Ми го земаа предметот „Талир 2“ за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години

Го користел владиниот авион за приватни потреби, обвинителен предлог за екс директорот на СОЗР Пече Мирчески

Го избодел татко му повеќе од 30 пати, Обвинителстовто бара пратвор за убецот од Чаир

Катерина Ѓуровски