На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Од:

На Ива Михаилова која избега во Бугарија во тек на процесот за сообраќајната несреќа во која имаше една жртва ќе и се суди во отсуство.

– По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е Решение на И.М., обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот, информираа од Обвинителството.

Михаилова пред 10 дена се појави во Бугарија со тврдење дека легално ја поминала границата. но, поради судскиот процес кој е во тек, одземени и се двата пасоши и македонскиот и бугарскиот. Македонските власти информираа дека не е регистриран нејзин излезе од земјава. Бегството на Михаилова предизвика дипломатски скандал и бурни рекации во јавноста. За Михаилова е распишана меѓународна потерница. Бугарските власти информираа дека не ја бараат и нема да ја екстрадираат во Македонија.

Михаилова лани направи сообраќајна несреќа со смртни последици на експресниот пат Кочани – Штип за што и се суди во Кочанскиот суд

Би можело да ве интересира

Судот во Кочани го одби барањето за онлајн судење на Ива Михајлова

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мицкоски финасирал омраза кон Бугарите, обвинителот бил „бугарофоб“ – Ива Михаилова на подкаст во Бугарија

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци