Михаилова: Не сакам да бидам дел од политички спорови

Од:

„Ви благодарам на сите што ми пишувате и се грижите за мене. Сакам да нагласам дека никој во Бугарија не ме принудил на ништо. Овде добив помош, грижа и поддршка. чувствувам поддршката од целиот бугарски народ и тоа ми дава сила секој ден“ напиша денеска на Фејсбук бегалката од законот во Македонија – Ива Михаилова.

Таа вели „Не сакам да бидам дел од политички спорови и нема повеќе да коментирам на оваа тема“.

„За мене, во моментов најважно е целосно да оздравам. Се лекувам и правам сè што е можно за повторно да можам нормално да застанам на нозе. Ве молам, дозволете ми да оздравам во мир“ стои во нејзиниот пост на социјалната мрежа.

Нејзината реакција следува откако бугарскиот јутјубер Станислав Цанов синоќа објави делови од тајно снимени разговори во кои таа му раскажува за притисок од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).

Михаилова е во Бугарија, а во Основниот суд во Кочани ѝ се суди во отсуство за сообраќајната несреќа на патот Штип – Кочани, во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши.

Би можело да ве интересира

Судот во Кочани го одби барањето за онлајн судење на Ива Михајлова

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мицкоски финасирал омраза кон Бугарите, обвинителот бил „бугарофоб“ – Ива Михаилова на подкаст во Бугарија

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство