Судот во Кочани го одби барањето за онлајн судење на Ива Михајлова

Од:

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова да учествува преку видеоврска, односно конференциска врска, во судската постапка што се води против неа.

Судот одлучи постапката да продолжи без нејзино непосредно учество, а на денешното рочиште се сослушуваат вештаци предложени од одбраната.

Судијата Спиро Борисов образложи дека Законот за кривична постапка предвидува можност за учество преку видеоврска во одредени ситуации, кога е потребно сослушување сведоци или вештаци, но не и кога станува збор за обвинети лица.

Поради тоа, барањето на Михаилова не беше прифатено, со што судот остана на ставот дека не постојат законски услови таа да ја следи постапката и да учествува во рочиштето на овој начин.

Денешното рочиште продолжува со изведување докази и сослушување вештаци на предлог на одбраната. Нивните наоди и стручни мислења треба да придонесат во утврдувањето на околностите поврзани со предметот, додека одбраната преку предложените докази ги изнесува своите аргументи во судската постапка.

Барањето за учество преку конференциска врска беше поднесено со цел Михаилова да може да биде вклучена во судењето од далечина. Сепак, судот оцени дека законската можност за ваков вид учество не може да се примени во нејзиниот случај.

Постапката против Михаилова продолжува пред Основниот суд во Кочани, каде што треба да бидат разгледани доказите и аргументите на обвинителството и одбраната пред донесувањето на судската одлука.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски финасирал омраза кон Бугарите, обвинителот бил „бугарофоб“ – Ива Михаилова на подкаст во Бугарија

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање