Савески жали за одлуката на Ристоска, очекувал од неа значаен придонес

Од:

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески, изрази жалење за оставката на обвинителката Ристоска, нагласувајќи дека нејзината одлука ја дознал преку СМС порака, додека причините за истата ги видел во медиумите.

„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска“, изјави Савески.

Тој посочи дека Јавното обвинителство со нејзиното заминување губи искусен кадар од кој очекувал значаен придонес, особено во улогата обвинител за врски со Европравда.

Савески истакна дека одлуката за отповикување на овластувањата дадени од неговите претходници не е насочена кон конкретни лица, туку има организациски карактер со цел зголемување на ефикасноста во работата на обвинителството.

Воедно, тој ги повика јавните обвинители да го зачуваат професионалниот интегритет и да не дозволат надворешни влијанија врз нивната работа, како и сите општествени чинители да придонесат за зачувување на угледот на институцијата.

„Сите одлуки што ги носам се во насока на гарантирање на независноста и самостојноста на Јавното обвинителство“, нагласи Савески.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка

Ристоска: Ми го земаа предметот „Талир 2“ за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство, а „шпионажа во кабинетот на претседателката“ е во завршна фаза

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”