Стефанова ги избегна камерите, не сака да коментира за „Рекет” оти е повикана да биде сведок

Од:

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова не сака да коментира ништо за случајот „Рекет”, бидејќи е повикана на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во својство на сведок. Таа утрово ги избегна камерите пред судот и влезе низ споредниот влез.

Во една од снимките кои се објавени од италијанскиот весник „Ла Верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајки му се на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.

Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја” потсетувајќи дека барањето за издавање на времен пасош било одобрено без таа да даде согласност. Дополнително обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.

Стефанова утре треба да даде исказ кај Вилма Русковска за случајот „Рекет”.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ