На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Од:

На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ беа одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ беше изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителство.

По бегството на Михаилова во Бугарија, која границата ја премина нелегално, ЈОРСМ посочува дека надлежен јавен обвинител ги презел сите чекори за обезбедување на ова лице и дека ризикот од бегство било меѓу клучните основи поради кои Обвинителството повеќе пати давало негативно мислење на барањето за враќање на патната исправа

-На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 9.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа, информира Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание