Средношколци-иноватори од „Јосип Броз Тито“ од Скопје се сретнаа со министерот Нуредини

Од:

Загревањето на домаќинствата, како еден од главните извори на загадувањето на воздухот, поттикна средношколци од скопската Гимназија „Јосип Броз Тито“ да изнајдат решение што ги намалува концентрациите на загадувачките супстанции испуштени во воздухот.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, поттикнат од оваа иницијатива ресорниот министер Насер Нуредини се сретна со средношколците и им искажа почит и признание за нивните заложби и труд за изнаоѓање на решенија за проблеми, како и за покажаната висока свест за заштита на околината што не опкружува.

Нуредини, како што се наведува во соопштението, ги поттикна да служат како пример за младите генерации со покажување на висока свест за тоа каква животна средина сакаат да наследат од своите предци.

Средношколците Теофилија Стоилковска, Марко Дураков и Мартин Стеванов заедно со директорката Силвана Кржовска подетално го презентираа проектот и самиот уред. Тие ги истакнаа проблемите со кои беа соочени при неговата изработка и ја искажаа нивната заложба и подготвеност за понатамошно усовршување.

– Ние младите сакаме да jа направиме промената на јавната свест во општеството, му порачаа средношколците на министерот.

Би можело да ве интересира

Ковачевски и Мицкоски на средба в среда, ќе се разговара и за мнозинство за промена на Уставот

Орце Костов

Вашингтон го повика кинескиот амбасадор на разговор во Белата куќа

А1он

Нуредини: Ќе сносам одговорност доколку биде утврдено дека се користени службени возила за приватни цели

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Преведувачката откажа, министерот Нуредини преведуваше од албански на македонски, па се пошегува: Следниот пат, 100 евра од час

Кристијан Ландов

ДУИ не губи време со „зелената агенда“: Нуредини и Ганиу заедно на ставање нови цевки во Серава

Жарко Настоски

Нуредини: Тој што загадува, треба да плати, а проблемот со отпадот не треба да се политизира

Жарко Настоски