Средба на министерот Дураки со албанскиот амбасадор Фатос Река

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска оствари протоколарна средба со албанскиот амасадор во Македонија Фатос Река, на која како што информираат, било оценето дека соработката меѓу двете држави во областа животна средина е одлична и како таква треба да продолжи и во иднина.

Министерот Дураки, посочуваат од МЖСПП, нагласил дека Македонија и Албанија потпишале неколку билатерални договори во областа животна средина што сведочи за добрата взаемна соработка.

Според Дураки, од посебно значење е напредокот на билатералната соработка во делот на управувањето со водите, а во постапка е потпишување на договор меѓу Владата и Советот на министрите на Албанија за меѓусебните односи за управување со прекуграничните водни ресурси.

Амбасадорот Река му честиташе на министерот Дураки за неговото именување за министер за животна средина и просторно планирање. Воедно тој изрази подготвеност за продлабочување на взаемната соработка и нагласи дека е потребно да се интензивира реализацијата на заедничките проекти.

Би можело да ве интересира

Автомобил паднал во Лакавичка река – тешко повреден возачот и негов сопатник

Пожарникари извлекоа паднат човек во реката Драгор

A1on

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on