Автомобил паднал во Лакавичка река – тешко повреден возачот и негов сопатник

Од:

Во сообраќајна несреќа која се случила денеска рано наутро во Гостивар повредени се две лица од кои возачот се здобил со тешки повреди, а полесно е повреден и неговиот сопатник. Двајцата се од Гостивар, а до несреќата дошло кога возилото мерцедес излетало од патот и паднало во Лакавичка река.

„ во 04.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Падалиште, во с.Беловиште, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.Ф.(52) од Гостивар, констатирани во Медицински центар Гостивар.“ велат од МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он