Екссоветничката Цветанка Симоновска од Општина Центар, во сведочењето пред судот за насилствата пред Општината пред 5 години, рече дека полицајците кои биле присутни пред општината биле марионети и ги учеле присутните од групата која правела неред, како да ги користат двете сирени кои служеле како аларм.
„Живи нема да излезете“, „комуњари“, „антифашисти“, „да ми го јадете“, извикуваа луѓето од толпата, рече Симоновска.
Таа на прашање на обвинителката Фетаи рече дека воопшто тема на седницата не била точка за уривање на црквата Св. Константин и Елена.
Поранешната советничката препозна неколкумина од осомничените, поточно, Александар Трајковски и Митко Пецев.
„Најгласниот седи до Даниела Рангелова. Тој времето го помина со главата во сала со нозете во двор“, опиша Симоновска.
Васко Маглешов