Сопственикот на скопскиот локал „Мош“ доби кривична пријава, има 48 часа да го испразни објектот

Од:

На угостителскиот објект „Мош“ во кој последниот викенд имаше концерт, а го посетија и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, денеска му е испратена кривичната пријава и сопственикот има рок од 48 часа да го испразни објектот, информира првиот човек на Инспекторатот, Стојко Пауновски.

Потегот доаѓа откако викендов, во локалот се одржа концерт на српскиот пејач Владо Георгиев, на кој присуствуваа стотици гости, кои се забавуваа без почитување на протоколите и заштитните мерки против ширењето на коронавирусот.

Директорот на ДПИ Пауновски на заедничката прес-конференција во Владата информираше дека минатиот викенд поднесено е решение за затворање на „Мош“ поради пречекорување на работното време, а во вториот случај за непочитување на протоколите, за што има и кривична пријава. Тој нагласи дека ДПИ постапува неселективно.

„Токму затоа се измените во законските решенија за ДПИ и полицијата, не само да направат записник туку истиот правен субјект да може да биде испразнет да не се пренесува зараза и да добие решение за затворање и парична кана. Со пондесувањето на кривичните пријави видовме дека има доста пропусти направено,“ истакна Пауновски.

Тој вели дека за контролата на угостителскиот објект од минатиот викенд решението е доставено и предметот ќе биде затворен. Локалот, рече тој, има 48 часа да ги извади сите материјали и стоки кои се расипливи за да не дојде до поголема штета на субјектот.

Би можело да ве интересира

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

Запечатени угостителски објекти во гевгелиско, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки…

Ана Ололовска

При акциска контрола во угостителски објекти во Куманово, четири затворени, за 14 изречена глоба

Ана Ололовска

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

Ана Ололовска

Нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Предраг Петровиќ

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов