• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Сопругот на директорката која ѝ издаде боледување на Јанева добил 25 илјади евра

by Васко Маглешов28/11/2019 - 18:0728/11/2019 - 18:113491
Share0

Методи Цилков, сопругот на директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова, која на ексшефицата на СЈО ѝ го издаде боледувањето во јули, за три години добил вкупно 25 илјади евра за надоместоци од оваа институција, покажа дата-базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии.

Добивај вести на вибер
Извадок од дата-базата „Отворени финансии“ за Цилков

Цилков работи во СЈО од мај 2016 година на СЈО во приемното одделение, а последните надоместоци му биле исплатени на втори септември годинава. Сумите се движеле од 35 до 40 илјади денари месечно.

Јанева отвори боледување во истиот ден кога најави оставка на функцијата и кога беа уапсени Бојан Јовановски и Зоки Милевски за истрагата „Рекет“. И Цилков и Јанева се по потекло од Гевгелија. Jaнева и на личниот шофер му доделила 30 илјади евра за надоместоци.

Јанева на обвинителите им исплаќала додатоци за доверливост, покрај додатоците и основната плата.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, без да го прејудицира исходот од истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, што се води за надоместоците на обвинителите и тимот во СЈО, рече дека првичните согледувања за овој предмет, покажале дека за иста работа, доверливост, двапати се делеле надоместоци во СЈО.

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажаа дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци за изминатите четири години. Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35%.

Обвинителката Фатиме Фетаи, вчера рече дека надоместоците ги добивале законски, а дека износите се слични на оние кои ги добиваат обвинителите во регионот, како и некои пратеници за патни трошоци. Фетаи кажа и дека е чудно тоа што во исто време сите институции почнале да ги истражуваат како да се најголеми криминалци, додека осомничените во нивните предмети делат правни мислења.

Според Законот за платите на јавните обвинители, јавниот обвинител има право на додаток на плата за: посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.

nadomestoci

Би можело да ве интересира

ДИК изгласа да се зголемат надоместоците на избирачките одбори за 100 проценти

А1он07/08/2020 - 15:5907/08/2020 - 17:26

Прекршочни пријави за обвинителите на СЈО – не ги пријавувале надоместоците

Мери Јордановска10/04/2020 - 15:0110/04/2020 - 15:23

Владата ја стопираше исплатата на паушали и надоместоци

А1он06/04/2020 - 20:10

Надоместоците на обвинителите од СЈО под лупа на Антикорупциската комисија

Мери Јордановска30/11/2019 - 14:4630/11/2019 - 14:51

(ВИДЕО) Јовески: За иста работа двапати во СЈО се делеле надоместоци

Васко Маглешов28/11/2019 - 14:4528/11/2019 - 16:29

Еден милион евра за надоместоци за обвинителите на СЈО

Мери Јордановска и Васко Маглешов27/11/2019 - 16:1627/11/2019 - 16:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен