Еден милион евра за надоместоци за обвинителите на СЈО

Од:

Од 70 илjади евра до 107 илјади евра надоместоци земале обвинителите во Специјалното јавно обвинителство, надвор од редовната плата, покажуваат податоците од базата „Отворени финансии“. Според пресметките, за 4 години десетте специјални јавни обвинители плус Катица Јанева зеле надоместоци од над еден милион евра.

Катица Јанева, како што веќе беше објавено, од 2015 до годинава зела надоместоци од 157 илјади евра. Веднаш зад неа се обвинителите Стевчо Донев и Елизабета Јосифоска кои добиле по 107 илјади евра. Обвинителката Лиле Стефанова зела надоместоци од 93 илјади евра, додека нејзиниот колега Бурим Рустеми 90 илјади евра.

По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра.

Ова се приходи што обвинителите ги добивале како додаток за доверливост, односно да не откриваат што чуле во „бомбите“.

Но, надоместоци не земале само обвинителите. Па така, Вили Јанев, шоферот на Катица Јанева, зел 30 илјади евра, а на внукот од сестрата на Јанева, Ѓорѓи Делиџаков, му биле исплатени 27 илјади евра.

Синот на врховната судијка, Лидија Неделкова, Давид, добил 18 илјади евра, а исто толку добила и ќерката на директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Берниса Рахиќ.

Додека работел таму, директорот на Управата за финансиската полиција како истражител, Арафат Муареми, добил 26 илјади евра, а Примислав Димовски, командантот на „алфите“ зел 39 илјади евра. Ќерката на Борис Тунџев, директор на Катастарот, Катерина Тунџева, добила 20 илјади евра.

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска прва јавно проговори во однос на надоместоците.

„Платите ни беа 300 евра повисоки од останатите обвинители, а надоместоците ни беа слични на други специјални обвинители од регионот или пак како патните трошоци на некои пратeници. Интересно е со која брзина, со светлосна брзина сите институции се јавија и изразија спремност да го истражат овој спорен момент, небаре се работи за криминал на деценијата. Камо среќа со таква брзина да постапуаа овие институции во изминатиот период,  ќе немаше воопшто потреба од формирање на СЈО. А во овој момент со вакви реакции се чудам како Европол не е вклучен во истрагата, рече таа.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов