Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Од:

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева не е опфатена во новите измени на Кривичниот законик, кои за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое Јанева е осудена, стапија на сила од денеска. Но, правниот тим ќе се обиде да најде начин таа да добие условен отпуст, истото што во изјава за А1он најави дека ќе го направи Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на ексминистерката Гордана Јанкулоска.

„Катица Јанева не е опфатена ниту со измените на Кривичниот законик, ниту со најавениот Закон за амнестија. Сепак, детално ќе ги разледаме можностите што се нудат и ќе се обидеме да има улосвен отпуст“, вели за А1он нејзиниот син и адвокат, Лазар Јанев.

Јанева во предметот „Рекет“ е осудена на седумгодишна затворска казна за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“, што е три години повеќе од маскималната затворска казна за ова дело во новие одредби од Кривичниот законик, кои предвидуваат казна од една до четири години затвор. За ова дело пак, претходно немаше горна граница, а минималната казна беше три години затвор.

Од друга страна, во најавената амнестија е наведено дека нема да се однесува за 10 кривични дела, меѓу кои делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и „Примање награда за противзаконито влијание“, едно од двете дела за кои во „Рекет“ беше осуден Бојан Јовановски.

Би можело да ве интересира

Тодоровиќ се спасува од предметот за „Скопје 2014“ благодарение на измените во Кривичниот законик

Александар Тодески

Влада: Потребно е дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

(ВИДЕО) Студенти на протестот пред Влада: Правото стана алатка на богатите

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Попладне протест за измените на Кривичниот законик

А1он