(ВИДЕО) Јовески: За иста работа двапати во СЈО се делеле надоместоци

Од:

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, без да го прејудицира исходот од истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, што се води за надоместоците на обвинителите и тимот во СЈО, рече дека првичните согледувања за овој предмет, покажале дека за иста работа, доверливост, двапати се делеле надоместоци во СЈО.

„Законот има изрична одредба дека тие додатоци не може да го надминат 35% од плата, трите вида додатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Висината на додатокот ја опрдеделува раководителот за секој посебно“, рече Јовески.

„Првенствените соглесувања покажуваат дека по ист основ двапти се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, ќе видите дека секретар има поголема плата од претседателот на државта. Дали е тоа оправдано или логично, проценете. Со ова не ја прејудицирам постапката што Обвинителството ја води“, кажа првиот човек на Обвинителството.

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажаа дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци за изминатите четири години. Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35%.

Според Законот за платите на јавните обвинители, јавниот обвинител има право на додаток на плата за: посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски