ДИК изгласа да се зголемат надоместоците на избирачките одбори за 100 проценти

Од:

Зголемување на надоместокот за членовите на избирачките одбори на предвремените парламентарни избори за 100 отсто, a oпштинските изборни комисии ќе добијат за 20 проценти поголем надоместок за успешното организирање на изборите, едногласно изгласа денеска Државната изборна комисија.

По 6.000 денари надомест ќе добијат и здравствените работници кои беа дел од посебните избирачки одбори.

„Ние сите овде едногласно одлучивме пред се надоместокот на членовите на избирачките одбори да го зголемиме со оглед на тоа дека тие беа најдиректно во контакт со гласачите и беа изложени на најголем ризик за нивното здравје“, изјави Елизабета Постоловска од ДИК.

Од ДИК велат дека не станува збор за награда, туку за заслужен надоместок. Членовите се согласни дека ДИК ги заштитила граѓаните и истовремено ги организирала изборите.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието